Реновираниот стан се наоѓа во Валенсија и е наменет за млада вработена двојка.
Ентериерот од 70 метри квадратни не бил доволно функционален за нив, па затоа при реновирањето се отстранети неколку ѕидови и целосно е прилагодена терасата за што подобро поврзување на внатрешноста на станот со надворешниот простор.
За да се добие илузија на поголема површина во сите соби има бели подови, вклучително и терасата. И поголемиот дел од површините во станот исто така се во бела боја.
Кујната со прави линии е поставена долж еден ѕид и може да биде зголемена со ротирачко продолжение на работната површина.
Во големата тераса може да се смести и трпезариски маса и удобна софа.
На другиот крај од станот се наоѓа лизгачка врата со која е скриена пространата остава, каде се наоѓа машината за перење и за сушење алишта.