Убиецот Омар Матен бил „скриен“ хомосексуалец

Од:

Поранешната сопруга и познаници на напаѓачот кој масакрира 50 луѓе во геј клуб во Флорида се сомневаат дека Омар Матен бил хомосексуалец.

Неговиот татко тврдеше дека тој збеснал неодамна кога видел како двајца мажи се бакнуваат, но многумина сега го препознаваат како човекот што одел по геј клубови и користел апликации за истополови секс средби.

Ситора Јусуфи, неговата поранешна сопруга, и рекла на вереницат на Матен дека “тој има геј тенденции“.
Во интервју за СБТ Бразил ТВ, Марсио Диаз кажа дека таа неколку пати се јавувала кај таткото на Омар Матен, пред да се разведат во 2011 година, обвинувајќи го дека е хомосексуалец, пишува Индипендент.

Еден дечко кој бил во истата класа со Омар Матен на Indian River Community College police academy изјави за “Палм Бич“ дека Оман покажал “романтичен интерес“.

-Неколку пати отидовме заедно во геј барови, но ја одбив неговата понуда, изјави тој.
Тој верува дека Матен бил хомосексуалец, но не бил отворен во врска со неговата желба, опишувајќи го тоа како “социјално непријатно” за него. Матен не станал полицаец и работел како обезбедување се до нападот што го изврши во геј барот.

Уште еден човек го препозна Матен и кажа дека имале разговор и закажана средба но тој никогаш не се појавил во неговиот стан.
Неколку редовни гости во клубот, изјавија дека Омар Матен доаѓал често и бил алкохолизиран, изјавувал дека има дете и зборувал за неговиот татко.

-Понекогаш ќе застанеше во аголот, седеше и пиеше сам, понеогаш беше толку пијан што викаше гласно и беше агресивен, изјави Тај Смит за Индипендент.

Уште една чест посетител на клубот , Џим Ван Хорн, за Матен кажа дека бил редовен гостин.

-Тој се обидуваше да собере луѓе, односно мажи, и често зборуваше за неговата поранешна сопруга, изјави тој за Индипендент.

ФБИ соопшти дека испитува дали Матен ги посетувал овие места како тастер за ИСИС за да се изврши напад.

-Ние работиме за да разбереме дали анти-геј нетрпеливоста била доволно мотивирачка за да се изврши овој напад, велат од таму.
-Но, ние сме многу убедени дека овој убиец бил радикал, а најмногу тоа станал преку интернет. Матен ја поддржувал ИСИС, но се уште се испитуваат мотивите за нападот.

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот,но нема никакви индикации дека Матен било кога комуницирал или имал контакт со припадници на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Во САД одбележување годишнина од нападот врз ноќен клуб во Орландо

Наум Локоски

Виножито над Орландо за време на поменот за жртвите во геј клубот

Емир Латифовиќ

Убиецот од Орландо контактирал со вработен на аеродромот во Франкфурт

Емир Латифовиќ

Сопругата на напаѓачот од Орландо се соочува со обвинување

Емир Латифовиќ

Захарова: Коментарите од типот „Не ми е жал, зашто убиените се хомосексуалци“ се одвратни!

Предраг Петровиќ

Поради Орландо, Фејсбук покренува „проверка на безбедноста“

Емир Латифовиќ