Убиецот од Орландо контактирал со вработен на аеродромот во Франкфурт

Од:

Американецот со авганистанско потекло, кој што уби 49 луѓе во клуб за хомосексуалци во Орландо, бил поврзан со работник на аеродромот во Франкфурт, објавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Според магазинот „Фокус“, германските власти ги истражуваат врските меѓу Омар Матен и 57-годишен Авганистанец кој што работел на аеродромот во Франкфурт и кој што пред неколку месеци сакал да патува во САД, но неговото барање за виза било одбиено.

Германските власти засега не го откриваат идентитетот на контактот на Матен за кого е утврдено дека бил дел од мрежата на Исламската држава. За него нема информации дали е дел од терористичка група, но медиумите предупредуваат дека сите германски аеродроми се под тревога по терористичките напади во Париз и во Брисел.

Пред нападот во Брисел германската полиција уапси едно лице кое се сомничи дека е џихадист и дека учествувало во пропагандни видеа на ИД. Аеродромот во Франкфурт е најголемиот меѓународен воздушен мост во Германија кој во 2011 година беше цел на терористички напад кога вработен во поштенскиот сервис изврши напад во кој загинаа две лица, а други две беа ранети.

Би можело да ве интересира

Во САД одбележување годишнина од нападот врз ноќен клуб во Орландо

Наум Локоски

Виножито над Орландо за време на поменот за жртвите во геј клубот

Емир Латифовиќ

Сопругата на напаѓачот од Орландо се соочува со обвинување

Емир Латифовиќ

Убиецот Омар Матен бил „скриен“ хомосексуалец

Предраг Петровиќ

Захарова: Коментарите од типот „Не ми е жал, зашто убиените се хомосексуалци“ се одвратни!

Предраг Петровиќ

Поради Орландо, Фејсбук покренува „проверка на безбедноста“

Емир Латифовиќ