Захарова: Коментарите од типот „Не ми е жал, зашто убиените се хомосексуалци“ се одвратни!

Од:

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го осуди убиството на 50 луѓе во Орландо и кажа дека за овој чин не смее да има никаков изговор.

-Коментарите од типот “не ми е жал за убиените во Орландо зошто се хомосексуалци“ се одвратни. А, што ако беа убиени деца со пречки во развојот, дали некој би кажал дека има 50 паразите помалку? А нападот ако беше извршен во породилиште, веројатно ќе треба да се проучува личната ситуација на секоја мајка одделно, напиша Захарова.

-Ми се гади од луѓето кои сметаат дека сочувството е невозможно затоа што….и се наведуваат милиони причини. Време е конечно да се одлучиме-или за човечкото сочувство или за сочувство врз основа на општествените-политички убедувања, наведува Захарова.

-Чудно се чувствувам додека го пишувам ова, но сепак тоа ќе го направам, пишува Захарова. Ниту една определеност или наклонетост, не може да се реши со оружје. Невозможно е и да се одбранат и целосно исправни, традиционални вредности, доколку во човек нема сочувство и разбирање, напиша Захарова.

Вчера и рускиот претседател Владимир Путин му се јави на американскиот претседател Барак Обама да му изрази сочувство и го осуди нападот во Орландо.

Би можело да ве интересира

Захарова: Киев продолжува отворено да објавува терористички напади врз Русија

Захарова: Русија се надева дека глобалниот југ нема да учествува во антируските акции

Захарова: Светот треба да го осуди нападот на Украина врз нуклеарната централа Запорожје

Русија: Американци, дали сте сигурни дека тоа беше ИСИЛ, нема да се премислите подоцна?

Захарова: Западот направи се за да ги наруши руските претседателски избори

Марија Захарова: Ватикан доби шамар од ЕУ

Горан Наумовски