Конкурс за мали локални зелени бизнис идеи

Од:

Мали локални бизнис идеи може да добијат десет илјади евра за реализација на своите зелени идеи  кои промовираат традиционална изработка на производи, користат ресурси од локалната заедница и кои поттикнуваат идеи за развој на животната средина во Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.

Конкурсот „Филантропија преку зелени идеи“ е објавен и има можност за аплицирање уште една недела кој го распишува Здружението за социјални иновации „АРНО“.

Конкурсот се одржува од 2012 година и секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар со најразлични зелени бизнис идеи.

Координаторот на проектот Ирина Јаневска очекува голем број квалитетни зелени идеи кои понатаму ќе прераснат во локални бизниси. – Интересно е што на конкурсот пристигнуваат најразлични идеи од оние честите за мед, органско производство, еко-фарми и слично, но ние ги охрабруваме апликантите да размислуваат пошироко. Важно е идејата да има општествено корисна компонента и бизнис логика. Идеите се оценуваат и во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата, односно не и штетат, вели Јаневска. 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза