Керн: Брегзит би предизвикал голема иритација на економијата

Од:

Австрискиот канцелар Кристијан Керн предупредува дека одлуката за излез на Велика Британија од Европската унија би предизвикала последици врз економијата.

Тој во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ нагласи дека заминувањето на Велика Британија би предизвикало голема нервоза во секторот на стопанството.

Тоа, според него исто така мошне негативно би се одразило на расоложението во Европа.

– Малата надеж за закрепнување на стопанството со тоа мошне брзо би била уништетна, рече Керн. 

Иронично тој им предлага на Британците еден вид замена за останувањето во ЕУ. 

– Се надевам дека Англичаните ќе одлучат за останување во ЕУ и би сметал дека е мошне праведно, доколку како противуслуга би ја добиле титулата првак на Европа во фудбал, додаде Керн.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска