Освен Лука Модриќ, во хрватската репрезентација се истакна и Ведран Чорлука. Тој е еден од јунаците на хрватската победа врз Турција, кој играше со раксрвавена глава и сепак беше одличен.
-Ме шиеја на полувреме, но подоцна повторно се раскрвави. Ушите ми беа завиени па ништо не слушав, рече Чорлука.
-Не беше лесно, недостасуваше и втор погодок за да го решиме натпреварот, рече тој.
Поддршка за хрватската репрезентација пристигна и од српскиот синдикат на професионални фудбалери, кои порачаа дека сакаат да ја видат Хрватска во финалето.
-Хрватската репрезентација е пример како секој треба да игра за својата држава. Нивниот однос кон дресот е за секоја почит, имавме прилика да ги запознаеме сите играчи и сите се исклучителни момци. Секоја чест, посакуваме да земат медал, напишаа од синдикатот на српските професионални фудбалери.