Тодоров и Коневски на разладување во Грција

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски викендов го поминуваат во Неа Флогита, Грција.

И тоа не би била никаква вест, со оглед дека Тодоров и Коневски редовно се во Грција секоја година, но не и доколку медиумите што ги контролира власта и таа самата не ги жигосуваше како “предавници“ сите што одат на одмор кај “јужниот сосед“.

Уште е во сеќавање едно лето пред неколку години, кога неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ јавно повикаа да не се оди во Грција на одмор и да не се оставаат парите таму. Секој што одеше на одмор во Грција од политичарите од опозицијата беше “спружуван“ на насловните страни како “предавник, додека тие што ги спружуваа, тајно, понекогаш и два-три пати во годината, си одеа во Грција.

-Најистакнатите лица на опозицијата, кои се најгласни во критиките за економските реформи и зафати во земјава, потоа за режимот кој ги осиромашува, како и за сите зафати во државата за кои велат дека ја оддалечуваат Република Македонија од евроинтегративниот процес, немаат проблем летото да го минат кај јужниот сосед, главната пречка за приемот во НАТО и за почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ, напиша минатата година “Република“ а беше пренесен од сите провлaдини гласила.

Според ваквите написи, логично се поставува прашањето-дали истите медиуми сега ќе ги прашаат сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ дали имаат проблем летото и викендите да ги поминуваат во Грција, главната пречка за прием на Македонија во ЕУ и НАТО?

Минатата година, Грција регистрирала 2,7 милиони македонски посетители, за периодот од јануари до септември. Македонија е на врвот на листата земји рангирани по бројноста на туристи во Грција, пред Германија, Велика Британија, Бугарија, Франција и Италија. Очигледно сонцето го топи “патриотизмот“ во летните денови.

Би можело да ве интересира

Грчката полиција уапси банда која со измами добивала субвенции од ЕУ

Грчкиот парламент денес гласа за воведување на 13-часовен работен ден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жена чудесно преживеа пад на балкон врз тротоар

А1он

Од 12 октомври влез во Грција според новите правила на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Генерален штрајк во Грција, делумно суспендиран транспортот

Жена од Грција ја закопала мајка си во двор за да земa нејзината пензија