(ВИДЕО) Шилегов: Уставниот суд веднаш да се изјасни за Законот за СЈО

Од:

Уставниот суд треба веднаш да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.

Правдата и борбата против криминалот и корупцијата не смеат да бидат под каква било или било чија закана.

Граѓаните знаат, Уставниот суд за само 5 дена поведе постапка и за само 7 дена да донесе Одлука за иницијативата на ДУИ.

Повеќе од 8 месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото.

Тоа е недозволиво. Никој не е над правото и правната држава, рече на прес конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Според него, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО.

-Само така ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата.

Граѓаните мора да бидат сигурни дека пред законите се сите еднакви, исти се и граѓаните и политичарите.

Само на тој начин договорот од Пржино може да преживее.

За излез од длабоката политичка криза потребно е итно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Претседателот на Уставниот суд апелира за итен избор на уставен судија

Костадиновски: Сè зависи каде се применува бадентерот

Костадиновски: Итно да се изберат двајца уставни судии

Костадиновски: Укинувачката одлука на Кривичниот законик би направила поголема штета од пратеничката

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски