А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пападакис: Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност

by А1он17/11/2012 - 12:51163
Share0

Европската комисија сака да ги почне преговорите со Македонија за членство во Eвропската унија и тоа се обидува да го стори на разни начини, вели Јоргос Пападакис, грчки аналитичар и новинар во интервју за еВести.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој вели дека поради лошата позиција во која се наоѓа, Грција сека да глуми конструктивна страна во спорот за името.

– Грција предложи и меморандум за разбирање, но станува збор за еден очаен обид на грчката страна да глуми конструктивност. Такви патетични методи не носат ништо повеќе освен иронична насмевка од страна на меѓународната заедница. Сите веќе разбираат кој сака, а кој не да го реши проблемот за името, сигурно е дека грчката страна тоа не го сака, вели Пападакис.

Според него во меморандумот има обврски само кон Македонија од која се бара да прифати име ерга-омнес, но не и за Грција и покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг која е во корист на Македонија. Пападакис вели дека Макеоднија добро одговорила на „смешниот тест меморандум“ – со многу зборови за добра волја и со генерални принципи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сепак, Пападакис вели дека се може да се очекува во декември кога Македонија чека датум за преговори.

– Сигурно е дека Грција бара изговори за да може повторно да го блокира почетокот на преговорите. Меморандумот беше наменет на Грците да им се даде уште една можност и причина за да покажат дека прават нешто, дека Македонија е таа што одбива. Прашање е колку ќе им успее оваа тактика. Ќе видиме во декември, но веќе ви реков сите во Брисел разбираат многу кој тука глуми конструктивност. Јас сакам да верувам дека Македонија има шанси да добие согласност од сите 27 членки на ЕУ за почеток на преговорите, вели грчкиот аналтичар во интервјуто за еВести.

eu

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:51

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

Горан Наумовски30/07/2026 - 13:51

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:31

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Горан Наумовски29/07/2026 - 19:12

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео