СДСМ: УЈП присилно може да ги наплаќа долговите на МРТ, Македонија пат, но не повеќе од граѓаните

Од:

УЈП има право присилно да си ги наплаќа милионските долговите што ги има од Македонски Шуми, МТВ, Македонија пат, но не повеќе и од граѓаните.

Заканите упатени кон граѓаните се последниот крик на контролираните институции коишто треба да ги исполнат последните желби на Никола Груевски за да приграби повеќе пари.

Меѓу граѓаните на коишто УЈП се закани дека насилно ќе наплаќа радиодифузна такса се и невработени лица и приматели на социјална помош.

УЈП го толерира режимскиот јавен сервис МТВ којшто трупа милионски долгови за неплатени даноци, а ги тормози граѓаните за неплатена радиодифузна такса, којашто тие очигледно не сакаат и не можат да ја плаќаат.

Граѓаните знаат дека со заминувањето на криминалната власт под контрола на Никола Груевски ќе си замине и обврската што ја имаат за плаќање на радиодифузна такса.

По демократските промени нема да се наплаќа радиодифузна такса во моментот кога СДСМ, на чело со Зоран Заев, ќе ја предводи новата одговорна и чесна Влада, посочуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби