Израел одобри мобилизација на 75.000 резервисти

Од:

Израелската влада одобри мобилизација на 75.000 воени резервисти во рамки на операцијата против оружените палестински групи во Појасот Газа, јави израелската телевизија.

Одлуката е донесена на состанокот на министрите во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, одржан вечерва во Тел Авив.

Како што јави новинарот на агенцијата Франс прес, денеска цел ден близу границата на Израел со Појасот Газа се собираат блиндирани возила и булдожери, а во последниве 48 часа се поставени и многу тенкови.

Израел вечерва ги блокира сите патишта околу Газа и објави дека истите веќе се наоѓаат во затворена воена зона, што упатува дека се подготвува копнена офанзива.

Четири Палестинци вечрва погинаа во новиот воздушен напад на Израел насочен на појасот Газа, со што бројот на палестинските жртви од ескалацијата на насилствата се зголеми на 28, додека најмалку 270 луѓе се ранети.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан