Според новите извештаи, новиот мобилен на Нокиа, Лумиа 920 се распродаде кај повеќето оператори во светот.
Во австралискиот оператор „Телстре“, нарачките за телефонот кој уште не е пристигнат се пополниле за еден ден.
Залихите, пак, се глобално лимитирани од Нокиа. Се шпекулира дека некои од продавниците на АТ&Т добиле само 20-30 уреди, кои брзо се распродале.
Во Италија, телефонот се распродадол веќе два пати, а слични извештаи стигнуваат и од Арапските Емирати, Кина и многу други земји.