Никола Груевски не е релевантен фактор, и не може да биде дел од решението за излез од кризата. Постапките кои можат да се видат од неговото однесување и тие околу него, покажуваат дека се луѓе кои се вмешани во сериозни нелагални работи во Република Македонија, вели во интервју за А1он, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
Тој најавува дека радикализација и притсок мора да се случи, да сфати дека не може да продолжи со приватизација на државата и институциите.
Тој не мисли дека залудно го загубил времето на министерската функција, со оглед дека се што направи беше збришано во еден ден од страна на кадарот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не е залудно губење на времето министерувањето во МВР, се покажа поинаков начин на функционирање на МВР но и се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има потреба и тоа како да го има министерството под свое, онака вмроизирано, груевизирано и како реакција на нивниот страв дека можат институциите да бидат ослободени се случи тоа што се случи. За нив е непознат поинаков начин на функционирање или она што Jанкуловска го зборуваше дека МВР мора работи како МВРО и автократскиот начин на владеење.
Спасовски на прашањето зошто немаше конечна реализација на поедини случаи како “лични карти“ и “демолирањето на општина Центар“ вели дека безобразната партизацијата допринела целиот систем да не може да функционира како што треба да профункционира.
-Важно е да имате и обвинителство кое ќе ја спроведува истрагата. Личните карти, тоа не е случај кој нема епилог, напротив тоа што беше објавено и интерната истрага дека многу лични карти биле издавани без документи го отворија предметот “Титаник“. Имаме аболиција, која ги аболираше сите учесници во овој протест, но факт е дека овој процес мора да има судска завршница кој ќе го покаже овој начин на злоупотреба на институциите посевно на МВР.
Второ, за 447 лични карти поведовме управна постапка и ги поништивме, тоа се гласачите од општина Центар за локалните избори кои беа издадени без никаква документација, немаше имотен лист, немаше договор за закуп за тие лица во однос на добивање живеалиште во општина Центар, а со тоа и право на глас, што уште еднаш покажува на сериозен престап кој што беше направен.
Се отворија постпаки кои требаше да бидат завршени меѓу кои е и нападот на општина Центар. Еден дел од работите кои ние ги завршивме е пријавата до Јавното обвинтиелство, но таму е молк и не ги процесуираат работите така како што треба.
Многу од процесите од постапките кои беа покренати не се третирани на соодветен начин, како и нападот на општина Центар како и за нападот на новинарите. Нападот врз новинарот на сопственикто на Доказ, веќе се води постапка , еден дел од лицата се откриени и се процесуирани. Знаете дека инспекторот кој го водеше овој процес беше деградиран од ова работно место.
За обвинувањата дека и Спасовски исто вработувал партиски кадри и користел службени возила за партиски цели вели не е точно.
-Ниту во еден момент, ниту службени возила ниту техничка опрема од МВР не е искористена освен за потребите на МВР. Тоа е ставено на знаење на сите од кога дојдов таму, дека нема да се дозволат ниту возила ниту човечки ресурси за приватни потреби, рече Спасовски.
-Нема никаква партизација, тоа е да се покрие сопствениот срам, за она што го правеле ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети и Груевски заедно. Имав кабинет, најголем дел беа професионалци вработени долги години, имав доктори на науки, магистри од областа на безбедноста кои што беа во мојот тим и со сите опструкции благодарејќи на тие луѓе поминавме сериозни предизвици, и така што нема место за забелешка, рече Спасовски.
За најавената радикализација , Спасовски вели дека мора да се случи.
Најавувавме дека мора да имаме ситуација на радикализација на состојбите со цел да се мрднат работите од мртва точка, да се вразуми власта дека мора да се врати на договорот на Пржино. Денеска ќе се најават дел од чекорите, СДСМ ќе има седница на ЦО и одлука која официјално ќе ја соопштиме пред сите граѓани. Е дно е јасно дека сите работи кои ќе се преземат е да се заштитат интересите на сите граѓани.
Спасовски вели дека Никола Груевски не е релевантен фактор за разговори.
-Не може човек кој цело време бил на чело на Влада и на политичката партија која што ја упропастувала Република Македонија во изминатиот период да биде и дел од решението. Јас во Неготино реков дека со Никола Груевски не може да се преговара за амнестија за било кој претставник на власта кој учествувал во незаконски работи.
Секоја криза завршува со дијалог, и затоа мораме да имаме гарант во меѓународната заедница, зашто се покажа дека не коже да се верува во луѓе кои потпишуваат, а немаат политичка волја да го спроеведат истото, вели тој.
Сите постапки кои можете да ги видите од однесување на Груевски, и од сите отворени случаи на СЈО, покажува дека се луѓе кои се вмешани во сериозни нелегални рсботи кои се случувале во РМ. Тоа е многу јасно дека во едни такви услови би сакал да се пазари за амнестија, но факт е и дека Македонија не коже да биде демократизирана, ако со било кого се преговора во однос на оваа работа.
Досега се покажа во овие 10 години дека правда има само за фамилијата околу Груевски, за сите други се случуваат многу лоши работи.
-До кога ќе трае оваа статус кво ситација?
Не е важно временскиот период кога ќе има избори туку во вакви услови ќе се одржат, а за да се создадат тие услови не може оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ самостојно да спроведат реформи и да гарантираат и да организараат фер избори.
Час поскоро мора да се седне да се договорат чекорите со прецизни рокови како и обврските, тоа се чистење на избирачкиот список, нормално функционирање на СЈО, регулација на медумите и да создадеме минимум шанси за секој политички субјект и секој граѓанин слободно да одлучи кој ќе ја води република Македонија.
Ако тоа се направи заеднички со претставниците на меѓународната заедница во РМ, ако секој ги преземе сопствените обврски тогаш ќе имаме доволен временски период да спроведеме избори. Со ВМРО-ДПМНЕ не можете да направите сериозни реформи.
Па како ќе ги направите?
Треба силна политичка волја и демократски ориентирана Влада.
Има идеја како ќе се изведе тоа, со оглед дека опозиција беше во Владата па не можеше да ги релаизира овие реформи? Како тоа сега ќе го изведете?
– И Договорот кога беше постигнат во Пржино, опозицијата не беше во Владата. Повторно е потребна агенда, по која ќе дејствуваат политичките субјекти, ние само кажуваме дека реализацијата на точките од политичкиот договор не може да се случат ако таму немаме претставници на опозицијата кои ќе гарантирааат дека тоа што треба да се направи треба да го реализираме заеднички.
Бевме сведоци дека имаше сериозни опструкцици во МВР, во чистење на избирачкиот список, но реформите во медиумите беа врзани со разговори внатре во групите на политичките партии, овде станува збор за немање на политичка волја. Треба да се изврши сериозен притисок Груевски да сфати дека не може да се однесува на ваков начин да ги приватизира и државата и институциите, а ние сите да имаме последици.
Спасовски тврди дека не е исчистен избирачкиот список.
-Ако по чистење на избирачкиот список имате 5200 избирачи повеќе, сосема е јасно колку е прочистен тој избирачки список.
Да тврдите дека е чист избирачкиот список, а имате податоци од Светска банка дека над 600.000 граѓани ка напуштиле Македонија е сосема нешто друго. Огромен дел од граѓаните се надвор од државата и требаше да бидат ставени на посебен извод од избирачкиот список, еден добар дел од граѓаните кои се наоѓаат сериозно треба да бидат проверени, зошто остана да лебди во воздухот дека поедини станови и куќи во Македонија има гласачи кои воопшто никогаш не живееле на тие адреси.
Спасовски вели дека целосната аболицијата мора да се случи целосно. На прашање зошто не беа објавени сите бомби кои беа најавувани вели дека стратегијата беше исправна и доволно е што се дозна на кој начин владееле Груевски и Ахмети, но и дека не се дозволи да се наруши стабилноста и безбедноста и да се создадат конфликти.
Тоа беше идејата-СЈО да продолжи институционално да продолжи со сите индиции за кривични дела,вели Спасовски.
За обвинувањата дека дел од бомбите СДСМ се упте ги користи за уценувања ии заплашувања, тој одговори
-Тоа е апсолутна невистина, нешто што се користи за политичка пресметка. Се е доставено до СЈО и тое располагаат со тие материјали.
Предраг Петровиќ