Јанакиевски најави 80 нови автобуси

Од:

Главниот град до крајот на овој месец ќе добие уште 80 нови автобуси. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на вечерашната трибина која ја организира ВМРО-ДПМНЕ во Скопје истакна дека автобусите се веќе тргнати кон Македонија.

До крајот на овој месец очекуваме да пристигнат уште 80 нови автобуси. Сите ќе бидат двокатни, 65 затворени, а 15 отворени, истакна министерот Јанакиески.

Нивната промоција, по завршувањето на потребната документација, според министерот, се очекува да се случи некаде во месец декември.

По доаѓањето на овие нови 80 автобуси Владата целосно ќе го заврши проектот за обнова на возниот парк на ЈСП со нови 313 автобуси.

Би можело да ве интересира

Николоски: Четири компании доставија понуди за електричните автобуси

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ