Теута Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган

Од:

Во рамки на работната посета на Република Турција, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Теута Арифи денеска се сретна со премиерот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

За време на средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Македонија и Турција особено од аспект на интеграцијата во Европската унија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Соговорниците се согласија дека меѓусебните односи и соработката меѓу двете земји се на одлично ниво, а со потпишувањето на Протоколот за соработка ќе се овозможи продлабочување на соработката и во делот на евроинтеграции.

Вицепремиерот Арифи информираше и за тековните активности кои се преземаат во нашата земја во однос на реформите од европската агенда. Арифи посочи дека Владата усвои и Акциски план со кој се адресираат препораките нотирани во Извештајот за напредокот на Македонија.

Премиерот Ердоган истакна дека интеграцијата на земјите од Балканот и Турција во Унијата е важна за понaтамошниот напредок на регионот и истакна дека Турција и во иднина ќе ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија.

Би можело да ве интересира

Турција го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Откриен е идентитетот на убиецот од Турција: Полицијата го уапси неговиот татко кој е полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ново пукање во училиште во Турција: Има мртви и ранети

(ВИДЕО) Убиецот од Турција го најави нападот: „Подгответе се. За неколку дена ќе има напад во ова училиште“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пукање во училиште во Труција, најмалку 16 повредени

Катерина Ѓуровски

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец