Лустриран поранешен министер

Од:

Поранешен министер во македонската влада денеска е лустриран од Комисјијата за верификација на фактите како соработник на службите.

Се работи за министер, кој претходно работел како професор во едно училиште, и кој бил сведок на одреден настан што сега се користи против него за да се прогласи како кодош.

Додека бил класен раководител во училиштето, полицијата следела и обработувала средношколци за национализам, поради тоа што пееле албански песни, имале дајриња, знамиња на Албанија. Полицијата упаднала во класот за да им ги одземе тетратките, книгите и заминала. Но после тоа, во полициска станица го викаат токму класниот раководител, а подоцна министер во македонската влада. Тој дал три изјави на барање на полицијата за три дена, и сега врз основа на тие изјави е прогласен за соработник на службите.

Чедомир Дамјановски, член на Комисијата за верификација на фактите за А1 вели дека овој човек е чист, и апсолутно нема никаква врска со соработник на службите.

„Тој бил очевидец, тој ништо не направил сам, тој бил класен раководител и се одзвал само на повикот на полицијата да даде изјава“.

Според Дамјановски за овој екс министер нема никаков материјал од УБК дека е соработник на службите, ниту пак други документи кои укажуваат на тоа.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска