Со порака „Стоп за агресијата во Газа“ денеска на мирниот протест во Старата Скопска чаршија група демонстранти ја испратија до меѓународната заедница и властите во Израел.
Протестот тареше еден час, а започна со молитва, кој беше организиран од скопјанецот Јасмин Реџепи.
„Во Газа се случува геноцид. Земајата нема армија, морнарица, авијација, таму гинат единствено цивили. Агресијата од Израел врз Газа не е војна туку свиреп геноцид. Меѓународната заедница молчи за овој очигледен акт на воено злосторство, но тука сме ние кои не молчиме, го креваме својот глас против оваа неправда“, изјави за Плусинфо, Јасмин Реџепи.
Тој се надева дека набрзо пак ќе се организира хуманитарен конвој со помош за Газа кој најверојатно ќе тргне од Истанбул.
Јасмин Реџепи беше еден од тројцата македонски хуманитарни патници на бродот „Мави Мармара“, што во септември 2010 година беше дел од конвојот нападнат од израелската морнарица, оти пренесуваше хуманитарна помош за Газа. Инцидентот тогаш предизвика големи контроверзи во блиско-источните политички односи.
Фото: +Инфо