„Миграцијата на Балканот: заеднички безбедносни предизвици и начини за справување со продолжената криза” е темата на регионалната студентска конференција, што ќе се одржи денеска во организација на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Факултетот за безбедност – Скопје.
Студентската конференција претставува еден вид македонско-грчка академска размена. Поддржана е од Универзитетот Аристотел од Солун (Aristotelian University of Thessaloniki) и Шефилд Универзитетот од Солун (CITY College Thessaloniki, University of Sheffield International Faculty).
Најавени се обраќања на професори од универзитетите од Грција и Македонија, како и претставници на Фондацијата Конрад Аденауер во двете држави.