Охрид и МПЦ одбележаа 1.000 години од упокојувањето на Св. Јован Владимир

Од:

Со света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА денеска во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид беше одбележана 1.000-годишнината од упокојувањето на Свети Јован Владимир.

– Свети Јован Владимир е еден од мачениците и светител на Охридската архиепископија и неговиот култ е негуван уште од неговата смрт. Сведоштво за тоа се бројните портрети и фрески со неговиот приказ, од кои дури 24 се наоѓаат токму во цркви и манастири во Охрид и охридско, рече митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј.

По повод илјадагодишнината од упокојувањето на светоцот, по свечената литургија беше промовиран и зборникот „Свети Јован Владимир – хигиографија, химнографија и иконографија“ на авторот д-р. Сашо Цветковски.

Академик Цветан Грозданов на промоцијата на зборникот рече дека станува збор за прв комплетен приказ на сите насликани портрети на зетот на Цар Самоил, кнезот Јован Владимир.

– За науката ова дело е од големо значење оттаму што на едно место се собрани 76 портрети на Јован Владимир од Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Македонија. Сите тие се дотолку позначајни што се работени во охридската дијацеза, на дебарската уметничка школа, истакна академик Грозданов.

За Грозданов тоа е потврда дека култот за Светиот Јован Владимир се обработува во охридскиот црковен центар, а самите портрети се потврда на континуитетот на МПЦ од Самоила до денес, како своевидена особеност на идентитетот на македонскиот народ сочуван нив времето преку духовноста.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите