Кошаркарските „пратеници“ денеска заседаваат на редовно Собрание на МКФ

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), денеска ќе го одржи редовното годишно собрание.
Ова ќе биде прв собир на кошаркарките „пратеници’’ на највисокиот орган на МКФ по едногодишното „владеење“ на Петар Наумовски со федерацијата.

Инаку, собирот првично беше закажан пред еден месец, но поради несогласувањата на релација клубови – канцаларија на МКФ, беше одложен и презакажан. Имено, откако раководството на МКФ најави промени во статутот, со кои во голем дел требаше да бидат редуцирани, но и одземени сегашните ингеренциите кои ги имаат клубовите, беше главната причината за презакажување на собранието.

На најавениот деневен ред, за денешното собрание, овојпат ја нема точката за намалување на бројот на странски кошаркари која предизвика бурна реакција на поголемиот дел од клубовите, но, тоа не значи дека и овојпат нема да се расправа за „странците„ имајќи во предвид дека дневниот ред може да претрпи и промени.

Од останатите најавени точки, ги издвојуваме, измените и дополнувањата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на федерацијата, што само по себе најавува промени во раководната структура на федерацијата.

Седница на Собранието на МКФ ќе се одржи во хотел Александар Палас во Скопје, со почеток од 11 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос