Добротворен меѓународен базар

Од:

По повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето денеска во Скопје ќе се одржи шестиот Добротворен меѓународен базар.

На отворањето на базарот ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Организатор на базарот е „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) заедно со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта.

Чарлс Гарет амбасадорот на Велика Британија во Македонија е почесен претседател на Базарот за 2016 година, а Градот Скопје е главен покровител.

Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за  Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари.

Средствата од Базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец, во 2014 беа за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец“,Скопje, во 2013 беа за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје и во 2012 година за поддршка на децата во посебното основно училиште “Илинден“- Скопје.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза