И покрај најавите дека Љубе Бошкоски ќе се упати кон Челопек, по пуштањето од затвор тој не е таму.
Според информациите од негови роднини, Бошкоски и покрај намерата да замине во село каде се појавија луѓе кои сакаа да го пречекаат, сепак останал во Скопје.
Бошкоски беше ослободен во попладневните часови без претходна најава, а бил земен од затворот од негов близок роднина. На екс минитерот пет години му истекуваа во понеделник, на 6 јуни, но тој исто така во изминатите пет години одлежа и две години во кои имаше по 366 дена, односно два дена повеќе од она што е запишано во законот колку трае една затворска година.