Новата комода на компанијата „БД Барселона“ буквално излегла од сон.
Волшебната комода „Дримс“ претставува олицетворение на дизајн кој нејзиниот креатор, дизајнерот Кристијан Зузунага го видел во сон.
Комодата е претставена во три варијанти – шарена, бела и црна.
Надворешните површини на комодата се направени од дизајнирано калено стакло со дебелина од 6 милиметри, а внатрешноста е изработена од медијапан со црна мат боја.
Комодата доаѓа во две големини, а нејзината цена е меѓу 8.800 и 13.500 долари, во зависност од димензијата и бројот на фиоки.