Зголемен бројот на жалби од граѓани и новинари за јавно достапните информации

Од:

 Ако во претходните години, најмногу жалби до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднесувале граѓанските здруженија и фондациите, во 2015-та ваквата слика е измената. Значително е зголемен бројот на жалби од физички лица и од новинари.

Ова го истакна денеска претседателот на Комисијата Ѓорги Сламков, презентирајќи го Извештајот за работата на оваа институција во 2015 година пред пратениците.

Според Интернационалниот центар за развој на право и демократија, додаде, од 96 држави во светот, Македонија е на 14. место со 113 поени од можни 150. Поените се добиваат по различни критериуми, меѓу кои најважни се оние во однос на надзорните механизми и подигањето на свеста, односно промоцијата на правото на слободен пристап до информации. На дното, пак, меѓу последните десет земји на оваа ранг листа, се Австрија, Германија, Италија, Белгија…

– Во 2015 година значително е зголемен бројот на жалби од физички лица и од новинари. Овој податок треба да радува, но и да биде уште поголем предизвик за во иднина, зашто интенција на Комисијата е ова право што попвеќе и почесто да се користи од страна на граѓаните. Фактот што и бројот на жалби од новинари е зголемен, претставува своевинда сатисфакција и доказ дека обуките реализирани од Комисијата даваат резултати, рече Сламков.

Како што стои во Годишниот извештај, вкупно 5.916 жалби против иматели на информации на централно и на локално ниво се поднесени во изминатите десет години, колку што постои Комисијата. Ваквата бројка, нагласи, воопшто не е занемарлива, туку напротив, претставува уште еден показател дека остварувањето на уставно загарантираното право придонсува за потранспарентни и поотчетни институции.

– Се забележува зголемување на бројот жалби, 960, во споредба со 2014-та кога беа поднесени 849. Комисијата, пак, донела 496 решенија и 439 заклучоци, а 25 жалби се пренесени за постапување во 2016 година, подвлече Сламков, нагласувајќи и дека во 72 отсто од вкупно поднесените жалби, Комисијата донела позитивни одлуки за барателите, но сепак, во поголемиот број случаи, барателите ги добиле информациите со посредување на Комисијата по законски предвидениот рок што упатува на констатацијата за неспроведување на постапката согласно законските рокови.
Во однос на молчењето на администрацијата, евидентирано како еден од најголемите проблеми, Комисијата, информира претседателот, постојано организира обуки. 
По однос на Извештајот имаше кратка дискусија. За збор се јавија Горан Сугаревски и Бетиан Китев од СДСМ, како и Горан Милевски од ЛДП. Тројцата обвинија за нетранспарентност на институциите чија цел е, како што истакнаа, прикривање на криминалот. 
– Давате само технички бројки, но тоа не е вашата улога. Треба да зборувате за реалните проблеми на граѓаните, како и за забелешките од Европската унија во однос на затвореноста на институциите, забележа Горан Сугаревски.
За Китев, токму достапноста, односно слободниот пристап до информациите од јавен карактер, е мерило за степенот на демократија во земјата. 
– Се покажа дека најнетранспарентни се министерствата за финансии и за внатрешни работи и дека само мал дел од институциите ги доставуват информациите во брзо време или во законски утврдениот рок, посочи Китев. 
Според Милевски, нетранспарентни се и министерствата за транспорт и врски, за образование и наука, за локална самоуправа, за здравство, за култура, за труд и социјална политика и за правда, но, како што рече, и општините се затворени за информации.
– Извештајот ги покажува нетранспарентноста на институциите и криењето на податоците, давањето несоодветни информации. Прашувате едно, а  добивате сосема друго, некаков небитен, неважен одговор. Од 604 жалби, 150 се од новинари. Тоа покажува дека се гушат иницијативите за истражување на коруптивните афери, напомена Милевски и предложи да се згоемат казните за непочитување на Законот, како и да се прецизира што се класифицирани информации зашто со тоа образложение, рече, најчесто се одбиваат барањата доставени до Комисијата.
Собраниската расправа по оваа точка ќе продолжи по редовната едночасвона пауза.
Пратениците претходно донесоа неколку закони по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза