Родриго Дутерте: Корумпираните новинари не се заштитени од атентати

Од:

Новоизбраниот филипински  претседател Родриго Дутерте се најде под жестоки напади од јавноста, откако на синоќа на прес-кнференција рече дека корумпираните новинари не се заштитени од „атентати“, јави ДПА.

– Самото тоа што си новинар не те заштитува од атентат, ако си безобразен, изјави Дутерте на прес-конференцијата во градот Давао на југот од земјата.

– Меѓу вас се уште има корупција. Ако си добар новинар, никој нема да те чепне, посебно ако (она што го говориш) е вистина, додаде тој,

Националната унија на новинарите на Филипините (НУЈП) соопшти дека е „вџашувачки“ тоа што Дутерте индиректно говори за оправданоста од убивање новинари, ако тие се сметаа за неетички.

– Глупавата изјава на Дутерте не само што ги валка имињата на нашите колеги убиени од 1986, па досега, туку тој со тоа практично прогласи „отворена сезона“ за замолчување на медиумите, се вели во реакцијата на НУЈП.

Во 2009 година, од вкупно 50-тина жртви убиени во локалните политички кампањи, дури 32 беа медиумски работници. Судските процеси против обвинетите како главни организатори се уште се во тек.

Минатиот петок криминалистичкиот репортер Алекс Балкоба беше убиен со огнено оруже во Манила. Тој е вториот новинар убиен годинава, според податоците НУЈП.

Филипините се рангирани меѓу најопасните држави за новинарите во светот. Тоа го тврдат бројни друштва за слободи на новинарите, како што е, на пример, Комитетот за заштита на новинарите од Њујорк.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски