УНИЦЕФ: 20.000 деца во Фалуџа се изложени на екстремно насилство

Од:

Најмалку 20.000 деца во Фалуџа, град под контрола на џихадистичката група Исламска држава, кој е под опсада на ирачките сили, се изложени на „екстремно насилство“, соопшти денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Претставникот на УНИЦЕФ во Ирак, Питер Хокинс изјави дека голем број деца се изложени на опасност да бидат регрутирани за борба или да бидат разделени од нивните родители.

– Загрижени сме за децата поради екстремното насилство, истакна Хокинс.

Ирачката армија, поддржана од шиитските паравоени формации и авионите на меѓународната коалиција предводена од САД, на 23 мај почнаа офанзива за заземање на градот Фалуџа, кој се наоѓа на 50-тина километри западно од Багдад. Фалуџа е под контрола на ИД од јануари 2014 година.

Според податоците на ОН, во Фалуџа во моментов се наоѓаат околу 50.000 цивили, кои се изложени на опасност со напредувањето на ирачките сили кон центарот на градот.

– УНИЦЕФ ги повикува сите страни да ги заштитат децата во Фалуџа и да им гарантираат безбедност на сите цивили кои сакаат да го напштат градот, додаде Хокинс.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел