Приказната зад фотографијата: Во Газа убиен 11-месечниот син на дописник на BBC

Од:

Фотографијата која во четвртокот се појави, на насловните страници на многу дневни весници ширум светот раскажува исклучително тажна и лична приказна за израелските воздушни напади во Појасот Газа.

На фотографијата може да се види Јихад Мишарави, дописник на BBC, кој живее во Газа, додека го носи безживотното тело на 11-месечниот син Омар.

Неговиот дом бил погоден од израелска бомба.

Тој изјавил дека во моментот кога неговата куќа била погодена, во соседството било мирно, без пукање.

„Цел тим е во Газа. Постои само едно прашање.

– Ако Израел има толку напредно оружје да може да погоди само еден човек кој бега, како што беше случај минатиот месец, како тогаш е убиен синот на Јихад“, вели Данахар од BBC.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан