Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“

Од:

Во кино „Милениум“ синоќа почна 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“, на кој до 25 ноември, во неколку селекции ќе бидат прикажани 107 филмови.

За отворање беше прикажан словенечкиот „Шангајски циган“ од програмата МК&ЕУ во кој главната улога ја игра македонскиот актер Висар Вишка, а се појавува и актерот Сенко Велинов. Филмот, снимен по сценарио и режија на Марко Набершник, годинава ја доби наградата за најдобро сценарио на Филмскиот фестивал во Монтреал.

„Синедејс“ официјално го отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека фестивалот секоја година го открива најновото од филмските остварувања во Европа.

– „Синедејс“ ни го доближува европскиот филм. Тој е фестивал на авторскиот филм кој ни предочува различни ракописи, погледи, сензибилитети. Токму таа различност што ни ја нудат европските кинематографии, зборува за богатството на културите, но и за афирмацијата на заедничките вредности кои ја карактеризираат Европа…„Синедејс“ е полигон за креативна размена на идеи и енергија меѓу актерите, продуцентите, синеастите, рече Канческа-Милевска.

Покрај во „Милениум“, од вечер фестивалот ќе продолжи и во кино „Фросина“, а од утре проекции ќе има и во Кинотеката на Македонија. Десет наслови од млади европски автори се во официјалната конкуренција, седум во програмата Синебалкан, пет во селекцијата МК&ЕУ (европски филмови во кои учествуваат режисери, сценаристи, актери, продуценти од Македонија) и 40 гала-премиери од познати режисери и победници на големите фестивали, за 40-те години постоење на Младинскиот културен центар, организаторот на „Синедејс“.

Во програмата „Земја во фокусот“ оваа година е кинематографијата на Египет и ќе бидат прикажани документарни филмови за Арапската пролет. Нивни селектор е Шериф Авад, филмски уредник на списанието Egypt Today, кој е и член на жирито за официјалната конкуренција. Во жирито се и македонскиот режисер Вардан Тозија и Јан Харлан – продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик, кој е меѓу ѕвездите на „Синедејс“, заедно со Андреас Дресен, големото име на германската кинематографија.

„Синедејс“ ќе има и неколку музички документарци, кратки филмови од македонската продукција, првпат и поетски филмови, остварувања на млади италијански режисери, како и придружни настани – работилници и концерти. Мотото годинава е „Исплакни ја сапуницата од себе, помалку сапун, повеќе филм“, избрано поради сериите на телевизиите.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ