ВИДЕО: По 6 часовен распит, демонстрантот на слобода

Од:

Во 2 часот по полноќ, по шест часа распит, демонстрантот од Шарената револуција кој беше приведен поради сомнение дека во пикапот “имал оружје употребено за оштетување културно наследство“ беше пуштен на слобода, а вратен беше и автомобилот. Одземени биле неотпакувани бои и гуми од чаталот.

Џовани бил приведен заради прибирање докази за оружје употребено за оштетување културно наследство. Портата ли ви е културно наследство? Епа, грда ви е портата, па ја разубавуваме! Запамтете, клучното оружје на оваа борба не е ни чаталот, не се ни боите, ни балоните, ни пикапот. Ние сме клучното оружје, граѓаните! Ние со нашите глави и тела. Ќе не приберете ли сите, напишаа на фејсбук од Шарената револуција.

Откако го вратија автомобилот, демонстрантите кои останаа пред полициската станица „Пролет“ пуштија музика, а малку подоцна, откако од станицата излезе и приведениот, тие си заминаа.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Тетовец во станот на својата девојка криел таблети за стимуланс на централниот нервен систем

Притвор за тројца активисти кои се уапсени после вчерашните протести во Белград

Горан Наумовски

30 дена притвор за момчето кое усмрти професионален војник на АРМ

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски