Претставена втората фаза од проектот за регулација на Кочанска река

Од:

Во Кочани денеска беше претставена втората фаза од проектот за регулација на Кочанска река што го реализираат Општината и Источниот плански регион со финансиска поддршка на Бирото за регионален развој.
 
– Со втората фаза се опфатени 1.470 метри, од т.н. Машински мост до обиколницата на магистралниот пат Штип – Кочани. Идејното решение за урбанизацијата на овој дел од Кочанска река го работи компанијата „Геинг“ од Скопје, истакна Александар Гицов, главен градски архитект на Кочани.
 
Според Гицов, во првата фаза е урбанизирано коритото на реката во должина од 3.900 метри, од Бавчалукот до т.н. Машински мост, а во третата фаза ќе биде урбанизирано реченото корито од месноста Пандова воденица до Бавчалукот, во должина од 750 метри.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза