Во Домот на културата во Штип се монтира сцената за „Макфест“

Од:

Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се монтира сцената за 31 издание на Фестивалот на забавна музика „Макфест“. Директорот на фестивалот „Макфест“, Љупчо Мирковски на денешната прес-конференција истакна дека во завршна фаза е и продукцијата на компакт дискот со 30-те композиции, а оваа година фестивалот почнува на 2 јуни.  

– Оваа година имаме 23 домашни и седум странски изведувачи, со што на годинашниов фестивал му даваме одреден меѓународен  карактер. Ги имаме стандардните награди, а од оваа година наградата за дебитант ќе се вика „Душан Љубисавлевиќ“ во чест на Дуле кој настапи на „Макфест“ како дел од дуото Дуле и Коки, а наградата за најдобра вокална интерпретација ќе се вика „Драган Каранфиловски-Бојс“. Овие награди се во чест на нашите прерано заминати колеги кои беа дел од фестивалот, вели Мирковски.

Смета дека композициите кои се избрани  ќе го задоволат вкусот на поголемиот дел од јавноста. „Макфест“ ќе се оддржи на 2,3 и 4 јуни со директен пренос на МТВ.

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски