Сите политичари мора да работат заедно за да дојдат до решение на кризата во Македонија, изјави германската амбасадорка Кристине Атлтхауезер која денеска заедно со нејзината француска колешка Лоренс Оер во ФФМ го промовираа проектот „Фудбал без граници.
– Причината што сме тука е да претставиме проект за фудбалот, кој ги зближува младите луѓе. Истакнав дека фудбалот е инклузивна игра, во која е потребно сите играчи да учествуваат заедно за да постигнат резултат, а истото важи и за политиката. Сите политичари мора да работат заедно за да дојдат до решение на оваа навистина сериозна криза во Македонија. Нашиот денешен фудбалски пример е добар и за вкупната политичка ситуација, рече Алтахаузер одговорајќи на новинарско прашање.
Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на дел од помилувањата, рече дека уште од почетокот, без недоречености, апелирале за целосно, комплетно повлекување на одлуката за помилување од 12 април.