Анкета: Мнозинството Германци се за прием на бегалци во земјата

Од:

Според последното испитување на јавноста во врска со позициите, очекувањата и стравовите на Германците најголемиот дел од испитаниците сметаат дека луѓето што бегаат од војна во родната земја треба да добијат азил во Германија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, испитувањето спроведено од Социоекономскиот панел при германскиот Институт за економнси истражувања покажува дека бегалците имаат право да останат во Германија согласно европското законодавство и Конвенцијата за бегалци од 1951 година.

Над 80 проценти од испитаниците сметаат дека бегалците имаат право да добијат азил во странска земја, а над две третини се за прием на бегалци во Германија.

Во исто време околу 55 отсто од испитаниците смета дека бегалците треба да се вратат дома по завршувањето на конфликтите во татковината. Според истражувањето се повеќе Германци сметаат дека влијанието на бегалците врз германската економија е позитивно, иако сеуште е доминантен ставот дека краткорочните ефекти по економските трендови се негативни.

Анкетата покажува дека поголема толеранција за бегалците имаат луѓето со повисоко образование, а правото на азил помалку се почитува кај граѓаните во Источна Германија, како и меѓу поддржувачите на десничарските партии.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија