Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун повика на обновување на разговорите со Пјонгjанг.
– Треба да се изнајде начин за започнување на дијалог, рече тој на конференцијата за мир и безбедност, организирана на јужнокорејскиот остров Чеџудо.
Тоа што генералниот секретар на ОН говори за тоа на територија на Јужна Кореја ги засили шпекулациите дека тој можеби има амбиции да се вклучи во политиката во својата татковина, по истекувањето на неговиот мандат како генерален секретар, коментираат западните меидуми.
3атегнатоста на односите помеѓу Северна и Јужна Кореја значително се засили по четвртата севернокорејска нуклеарна проба, извршена во почетокот на јануари. Последниве неколку седмици Пјонгjанг неколкупати предлагаше дијалог меѓу воените власти на двете држави, но Сеул ги отфрли и ги прогласи за пропаганда. Администрацијата на претседателката Парк Гуен-хе зазеде цврста позиција дека дијалогот со Северна Кореја може да биде обновен само ако Пјонгjанг се обврзе на политика којашто ќе значи секаква елиминација на употреба на нуклеарното оружје.
– Засилувањето на напнатоста на Корејскиот Полуостров може да фрли сенка над цела Североисточна Азија, но и пошироко, предупреди Бан. – Ги вложувам сите напори за постигнување на напредок и сум подготвен лично да придонесам со сите можни средства, додаде тој.