Дојче Веле: Груевски откри од каде потекнуваат налозите за хајката на невладините и ФООМ

Од:

Потсмев, неверување и шеговити клипови предизвика делот од интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за „Телеграф“, во кое тој најдиректно откри од каде потекнуваат налозите за хајки и етикетирање на невладините организации, меѓу кои и на соросовата Фондација Отворено општество ‒ Македонија (ФООМ), пишува Дојче Веле.

Со ваквата изјава, тој како „секташи“ и „одработувачи за пари“ директно ги оквалификува и неговите најблиски партиски соработници, со оглед дека подолг период партиципирале во активностите на Фондацијата. Според податоците од ФООМ, актуелниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов бил член на Управниот одбор на соросовата фондација од мај 2002 до октомври 2004 година. Член на УО бил и Паско Кузман. Актуелниот македонски амбасадор во Лондон, Јован Донев, пак бил претседател на УО од 1996 до 2002 година, а потоа и извршен директор на Институтот Евробалкан, каде еден од основачите била и соросовата Фондација.

Како што наведуваат од ФООМ, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, бил член на пододборот за доделување грантови за младински програми, а корисници на еднократни стипендии за студиски престој во странство биле актерот и член на ГДОМ, Тони Михаловски и Антонио Милошоски. Корисник на најголемиот грант што е доделен откако постои ФООМ, е печатницата „Европа 92“, чиј сопственик Ратко Димитровски беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и е нејзин градоначалник на Кочани во втор мандат. ФООМ платила 80.000 долари само за бродското осигурување на транспортот на печатарската опрема, вредна над еден милион американски долари, од САД до пристаништето во Варна. Дојче веле го праша Ратко Димитровски, дали се чувствува како „секташ“, со оглед дека го добил најголемиот грант во историјата на соросовата Фондација, од нејзиното основање во 1992 година до денес?

Апсолутно не се чувствувам како ‘секташ’. Ниту пак од Фондацијата можеле како било да влијаат на мене. Практично, јас со ФООМ и немам комуникација веќе 20 години“, вели Димитровски за Дојче Веле.

Соросовата фондација го спаси од клиничка смрт и НИП-от со донација од 50 тони рото-хартија во вредност од 60.255 УСД.

Тоа беше еден од првите грантови за медиуми што ги дала Фондацијата, за да не биде Македонија единствената од бившите ју-републики која на почетокот од транзицијата можеше да останеше без печатени медиуми. Целта на ФООМ да обезбеди плурализам на пазарот, плурализам во медиумите и во општеството, е остварена, но заслугата не и е призната, пишува Дојче Веле.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески