Случајот Пливалиште: Двајца од обвинетите со ослободителни пресуди

Од:

Основниот суд во Струга денеска ги изрече пресудите во повторениот судски процес за случајот „Пливалиште“.

Од тројцата претходно обвинети, Судот на првообвинетиот Цвете Вранишкоски му изрече казна затвор во траење од три години, додека Климе Миладиноски и Гоце Јанески се ослободени од обвиненијата.

Образложението за првообвинетиот, е дека инсталацијата во спорниот шанк не била соодветно поставена.

Постапката за другите двајца, кои се ослободени од обвиненијата, не се водела според точно утврдени докази, туку само според претпоставки.

Трагичниот настан на отворениот шанк во комплексот „Пливалиште“ во Струга се случи на 11-ти септември 2010 година, кога поради необезбеден кабел настрадаа стружаните Јосиф Докоски, Киро Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ