Последната група на шампионатот која може да донесе и големи изненадувања. Англија и Франција тука се големи фаворити, но земајќи ја во предвид моменталната ситуација нема да биде изненадување доколку не поминат понатаму.
Англичаните без Капело и без Руни во првите два меча против Франција и Шведска кои ќе бидат клучни за пласманот понатаму, а Француската репрезентација од корен потресена после дебаклот на Светското во 2010.
Токму тука шансата ја гледаат Шведска и Украина. Швеѓаните го имаат Ибрахимовиќ, а Украинците домашниот терен. Сите репрезентации имаат огромен мотив за прогрес и никој нема да се штеди против никого, па за очекување е да гледаме добар фудбал.
Двете првопласирани репрезентации во четвртфиналето вкрстуваат со двете првопласирани од групата Ц во која се Шпанија, Италија, Хрватска и Ирска.[imagebrowser id=87]