Во Скопје 26 сообраќајки со 26 повредени

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди од кои во 14 со полесни повреди се здобиле 26 лица.

Сообраќајната полиција во понеделникот изврши увид на 18 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се само со материјална штета, а во девет полесно се повредни 17 лица.

Како што информира за МИА, Сашо Дамјаноски, главен инспектор, вчера е извршен увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, а во пет со полесни повреди се здобиле девет лица.

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 41 возач кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, а 27 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Затекнати се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило пајак, во изминатите два дена отстранети се 72 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ПОУ „Наум Охридски“ во Црешево, општина Гази Баба, а во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата од предучилишна возраст во детската градинка „25 Мај“, во објектите „Сонце“ и „Искра“ кои се наоѓаат на подрачјето она општина Гази Баба.
Со почеток во 18 часот во спортската сала „Автокоманда“ во рамките на Првата македонска супер лига ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу РК Металург и РК Вардар.

Би можело да ве интересира

Скандалозното националистично навивање „влезе во серија“, МВР и Обвинителство го истражуваат случајот со фановите на Шкендија

Катерина Ѓуровски

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави