А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФЕИТ организира подготвителен курс по математика за матурантите

by А1он25/05/2016 - 14:14196
Share0

Институтот по математика и физика од 30 мај до 7 јуни на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе организира подготовителен курс по математика за сите матуранти.

Добивај вести на вибер

Може да се пријават сите матуранти кои сакаат да го повторат материјалот по математика предвиден во програмата за матура и да им бидат објаснети задачите кои се полагаат на матурските испити.

Курсот ќе опфати 21 школски час (по три часа дневно), според распоред кој ќе биде објавен дополнително. Цената на курсот е 2000 денари.

Средношколците кои сакаат да го посетуваат курсот може да се пријават во просториите на ФЕИТ. Повеќе информации се објавени на линкот:

http://feit.ukim.edu.mk/fakultet/kursievi/podghotvitielien-kurs-po-matiematika-za-maturanti
– Со овој курс сакаме да ги подготвиме учениците со солидна оценка да ги положат испитите по математика, без разлика дали полагаат училишна или државна матура, изјави доцент д-р Сања Атанасова од Институтот по математика и физика.

Таа појаснува дека има различни истражувања за знаењата на учениците, кои не рангираат различно, согласно со одредени критериуми.

– Релевнатните податоци од овие меѓународни тестирања се дека нашите основци и средношколци, во нивните знаења, се зад своите врсници од регионот и пошироко. Општ впечаток е дека математиката не е доволно негувана наставна дисциплина и потребно е децата од мала возраст да се запознаат со нејзините убавини. Тоа, се разбира, вклучува поголем фонд и подобра организација на часовите по математика, смета Атанасова.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен