„Воин на коњ“, „Воин“, „Цар Самоил“ и „Ченто“ во рацете на СЈО

Од:

Специјалното јавно обвинителство испитува дали има криминал во изградбата на „Воин на коњ“, „Воин“, „Цар Самоил“ и „Методија Андонов Ченто“, кои се во рамките на мегаломанскиот проект „Скопје 2014“.

Предметите се во предистражна постапка и беа предмет на ревизијата, која беше изготвена веднаш по доаѓањето на Андреј Жерновски за градоначалник на општина Центар.

Одговарајќи на советнички прашања, минатата недела Жерновски кажа:

Доказите кои ги доби Јавното обвинителство, беа повеќе од доволни за да се отвори предмет, но поради селективното работење и одлучување на Јавното обвинителство, тоа не се случува. По 4 месеци добивме барање од обвинителството за нови материјали. Ова, според познавачите, значи дека се отвора предмет и тоа ми даде оптимизам, но од тогаш обвинителството молчи. Од Специјалното јавно обвинителство добив писмо дека тие работат на 4 предмети за „Скопје 2014“. Дојдоа во општина Центар и ги добија сите неопходни докази и материјали. Затоа сум оптимист дека СЈО брзо ќе го сработи предметот за криминалот во „Скопје 2014“.

СЈО, меѓу другото, ќе истражува како се правени набавките во општина Центар од претходното ракоодство за „Воинот на коњ“, колку била реална цената за лиење на италијанската леарница „Маринели“,од 4.549,000 евра која ја прифатил поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ. Спорно во ревизијата беше и хонорарот на скулпторката Валентина Стевановска од 649.000 евра

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ