Лажна дојава за бомба во близина на струшко училиште

Од:

– Лажна дојава за бомба во близина на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга ја прекина наставата претпладнево од 10 часот.

Според директорот на училиштето Шелким Алиу, полициски службеници дошле во училиштето и кажале да се евакуираат учениците поради дојава за бомба во близина на училиштето, по што наставата била прекината.

– Дојдоа надлежните од МВР од Струга и ни рекоа без паника да ги евакуирате децата од задните врати. Ги евакиравме без никаков проблем. Се претпоставува дека во една бугарска кола имало бомба во близина на школото. Дојдоа експерти од Скопје и Охрид, проверија и видоа дека нема ништо, изјави за МИА, Алиу. Тој посочи дека продолжила редовната настава од втората смена.
СВР Охрид детали за настанот најави за во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он