На преполниот „Камп Ноу” синоќа Каталонците ја прославија двојната круна на фудбалерите на Барселона. Како дел од забавата се приклучија и ракометарите на Барселона на чело со Кирил Лазаров.
Тие беа поздравени со овации од присутните 90 илјади навивачи на Барселона.
Ракометниот тим предводен од тренерот Пасквал македонскиот ракометар како прв клупски стрелец и во домашното првенство и во Европа освои пет титули оваа сезона, вклучувајќи ги и истите две кои ги освоија и фудбалерите, шампионатот и националниот куп.
За жал на каталонскиот гигант, ниту фудбалерите, ниту ракометарите не ја одбранија титулата европски шампион освоена ланската сезона.