Продолжува финалната серија во македонското кошаркарско првенство

Од:

Двете најдобри екипи во македонската кошарка, МЗТ Скопје Аеродром и Куманово, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ја продолжуваат финалната серија во плеј офот. Бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром по триумфот во саботата на гостински терен го изедначи резултатот на 1-1 во победи и ја врати предноста што ја носи домашниот терен.

Сепак, во досегашните две средби од финалната серија која се игра до три добиени средби, домашниот паркет  не се покажа како предноста за домаќинот, бидејќи на стартот на финалето МЗТ Скопје  загуби со 87:84, а потоа Куманово пред полни трибини не успеа да го валоризира брејкот од Скопје и беше поразен со 75:82.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Следниот меч во Куманово ќе се игра в петок (27 мај), додека евентуалната мајсторка на програмата е закажана за во Скопје на 29 мај.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос