Пронајдена планета – сираче

Од:

Астрономите забележаа „одметната“ планета или „планета – сираче“, како лута сама во вселената, надвор од орбитата на било која ѕвезда, јавува BBC и додава дека планетата е 100 светлосни години оддалечена од Земјата.

Теоретски такви, осамени планети се возможни но, досега не е забележана ниту една.

Релативната близина на „одметнатата планета“ им овозможила на астрономите да пресметаат дека е млада, односно дека постои помеѓу 50 и 120 милиони години.

Текстот за планетата, наречена CFBDSIR2149-0403, ќе биде објавен во списанието „Astronomy and Astrophysics“.

Се смета дека планетата станала „сираче“ така што излегла од орбитата на ѕвездата-домаќин или таа планета е всушност осамена ѕвезда која не успеала да собере материјал и да достигне доволна големина за да зрачи.

Научниците сметаат дека температурата на новонајдената планета е околу 400 степени целзиусови, а според масата таа е 4 до 7 пати поголема од Јупитер.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ