Врнежите од дожд предизвикаа прелевање на водата на Калковска река на регионалниот пат Удово-Валандово каде има наноси од кал и камења, а на регионалниот пат Гевгелија-Смрдлива Вода-ски центар Кожуф поради стеснување на коритото на Коњска Река за изградба на ХЕЦ и надојдените големи количества вода однесена е една коловозна лента од патот во должина од 15 до 20 метри.
Екипите на ЈП Македонијапат со градежна механизација ги расчистуваат наносите на патниот правец Удово-Валандово и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината на условите на патот.
Поради врнежите до излевање утринава дојде и на реката Пена во Тетово при што е поплавена земјена површина.
Во текот на ноќта најмногу дожд е наврнат во Маврово 72 литри на метар квадратен. Во крушево 46, Битола 43, Гевгелија 41, Претор 39, Лазарополе 37 Тополчани 34, Пожаране 33, Демир Капија 31, Тетово 28, Дојран и Пожар 27, Струмица и Охрид 26, Дебар 25, Прилеп 18. Скопје и Куманово 16, виница 9, Крива паланка 7 и Берово три литри на метар квадратен.
Во текот на денешниот ден најмногу дожд е наврнат во Гевгелија 30 литри на метар квадратен, потоа 23Пожар,22 Струмица и Д.Капија, 20 Крушево и Дојран, 14 Штип, 13 Берово, 12 Прилеп, 10 Виница, 9 Маврово, 8 Тополчани и Ѓуриште, 5 Битола, 4 Скопје, Пожаране и Лазарополе, 3 Тетово и еден литар на метар квадратен Претор.
Времето во целата земја е облачно и речиси насекаде има врнежи од дожд, кои се поинтензивни во југоисточните делови од земјава.
Врнежите ќе продолжат до вечерните часови и ќе престануваат почнувајќи од север. Во југоисточните делови сеуште се очекува тие да бидат пообилни.