(ВИДЕО) Груевски се сретна со Хајндл

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл.

Како што соопштија од партијата, “соговорниците разговарале за актуелните теми и позиции поврзани со создадената криза од страна на опозицијата и идните чекори за нејзиното надминување“.

На средбата биле разгледувани различните аспекти на кризата, како и различните можности кои би довеле до нејзино разрешување.

Во однос на актуелната политичка криза претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакнал дека партијата е посветена кон изнаоѓање решенија кои би значеле брз излез од наметната политичка криза.

Тој посочил дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е граѓаните да имаат можност да избираат помеѓу политичките субјекти и квалитативно да ги вреднуваат нивните политики и чекори.

– При носењето на одлуките ВМРО-ДПМНЕ се води од начелата содржани во Уставот, Законите и волјата на граѓаните притоа штитејќи го интересот на државата и затоа е потребно изнаоѓање на решенија со кој брзо ќе се надмине кризата и ќе се врати државата на патеките на напредокот и економскиот развој, истакнал Груевски.

Тој посочил дека за тоа е потребна функционална влада со полн легитимитет за реализација на ветените проекти од програмата и враќањето на сигурноста кај граѓаните при што ќе се помогне и во реализација на реформите кои произлегуваат како обврска од извештајот на Прибе важни за реализација на евроинтеграциските процеси, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски