Хајндл – Вељаноски: Итно да се отстранат пречките што ја создадоа кризата

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска го прими личниот претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, амбасадорот Јоханес Хајндл.

Како што соопшти собраниската прес-служба, соговорниците размениле мислења во насока на што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата.
Вељаноски и Хајндл, како што стои во соопштението, се согласиле дека сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните. Исто така била нагласена и потребата за итно превземање на решителни чекори за реализирање на забелешките во Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатланските интеграции.

– Двајцата соговорници се согласни дека Парламентот е место каде што треба да се спротистават ставовите и интересите на партиите, клучно место во насока на исполнување на реформскиот процес за остварување на примарната цел, членството во Европската унија и НАТО Алијансата, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вељаноски: Првиот случај на конституирано Собрание без избор на спикер беше во 2006 година

Жарко Настоски

Заев по забелешките на Вељаноски: Идентитетот не го ограничува ниту еден меѓународен договор

Наум Локоски

Обезбедувањето на Вељаноски при упадот во Собранието комуницира со обвинетиот Никола Митревски Кољо

Наум Локоски

Вељаноски: Двајцата приведени собраниски службеници не се виновни

Наум Локоски

Вељаноски: ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија

Наум Локоски

СДСМ: Парламентот има претседател, Вељаноски ќе одговара

Наум Локоски