СДСМ Дебарца: Бетонската и асфалтната база да се изградат на друга локација

Од:

„Во врска со најавите за изградба на бетонска и асфалтна база во местноста „Царополе”, во атарот на село Ново Село ( според последните сознанија градежните работи се започнати ) и изразениот револт на граѓаните на Дебрца на мирниот протест, како советничка група во советот на општина Дебрца бараме свикување на итна седница на советот на општината на која градоначалникот на општината ќе достави информација за новонастанатата состојба со најавената изградба на бетонската и асфалтната база. Во информацијата посебно да се даде одговор на следните прашања :

– како е можно вакви објекти да се градат на земјоделско земјиште, ако се има во предвид дека за местноста „Царополе” не е донесен урбанистички план или локална урбанистичка планска документација ?

-дали инвеститорот или изведувачот се обратиле до општината со барање за одобрение за градење и дали изработиле документ за оценка на влијанието на проектите врз животната средина ?

-ако тоа не го сториле, дали  инспекциски служби на општината надлежни за надзор над прописите за градење излегле на терен да проверат дали инвеститорот или изведувачот ги имаат обезбедено потребните документи за градење, кој им ги издал и ако немаат дали се преземени мерки за стопирање на градежните работи ?

Бараме на седницата на советот на општината да се поканат претставници на инвеститорот и изведувачот на работите и на засегнатите граѓани.

Не сме против изградбата на наведените објекти, но во целост ја разбираме загриженоста на граѓаните и се согласуваме со забелешките искажани на мирниот протест.

Цениме дека наместо на локација со плодно земјоделско земјиште, која гравитира непосредно до населени места и природната реткост “Белчишкото блато”, кое е нашето најзачувано блато во оригинална форма, наведените објекти да се изградат на друга локација, каде негативните еколошки влијанија би биле помали.

Оттаму, крајно неприфатливо е да се започне со изградбата на ваков тип на објекти без претходно да се изработи документ за влијанието врз животната средина, кој ќе изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидените проекти и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата“, се вели во соопштението на СДСМ Дебарца.

Би можело да ве интересира

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ