Екипата на Куманово направи „брејк’’ и поведе со 1-0 во победи против МЗТ Скопје Аеродром во финалето од кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Во првиот натпревар од финалето на плејофот, одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански’’ кошаркарите на Куманово забележаа победа над МЗТ Скопје со 87:84 по четвртини 23:23, 15:18, 20:23 и 26:29.
По рамноправните три периоди, по кои резултатот беше израмнет 58:58, одосно се до 33-минута кога МЗТ имаше +2 поени (63:61), домашниот тим за само две минути направи серија од 10:1, за највисока предност од +11 (73:62).
Сепак, во завршните 3,5 минути незадржлив беше македонскиот репрезентивец Бојан Трајковски кој постигна 16 од вкупно 32 поени. Центарот на Куманово средбата ја заврши со даб-дабл учинок, придодавајќи и 14 скокови во својата статистика. Марко Симоновски беше стрелец на 16 поени, додека Александар Костовски средбата ја заврши со 10 поени реализирајќи ја клучната „тројка“ на 10-секунди до крајот на мечот.
Кај МЗТ Скопје, Ѓорѓе Дреновац постигна 21, а Дамјан Стојаносвки 20 поени.
Вториот натпревар во серијата подобар до три победи ќе се игра во сабота (21 мај) во Куманово.